Костенијада – Значајна поречка манифестација
„Костенијада“ Значајна поречка манифестација
Манифестацијата „Костенијада“ чија цел е промоција на овој надалеку познат плод од Поречието (Поречки костен) кој што е баран на пазарите не само во Македонија туку и во соседните држави, се одржува традиционално од 2008 година на неколку места низ Порече.
На манифестацијата учествуваат голем број на културно-уметнички друштва од целата држава како и секции и друштва од основното и средно училиште од Македонски Брод.
Покрај традиционално печениот и варен костен, на манифестацијата можат да се вкусат и голем број на деликатеси подготвени од превкусниот Поречки костен.
Поглднете ја последната манифестација одржана во 2019 година.