Општина Македонски Брод
Општина Македонски Брод
Македонски Брод е стара населба. Прв пат се споменува во една повелба на кралот Стефан Урош II Милутин од 1300 година. Стариот дел на населбата се наоѓал на левиот брег на реката Треска.
Според еден надгробен споменик пронајден во селото Крапа, утврдено е дека просторот бил населен со Римјани.
Подоцна, со доаѓањето на Словените, во овој крај се доселило словенското племе Берзити, односно Брсјаци.
Во околината на Брод, во близина на селото Девич, видливи се остатоци од градби што ја потврдуваат претпоставката дека на тој простор, во средниот век, постоела населба која функционирала како центар на целата област. Таму се издигаат Девините Кули кои се изградени во близина на пештерата Пешна, каде пак се наоѓаат остатоци од ѕидините на градот, кој, според преданието, го изградила младата девојка Пешна, сестра на јунакот Крале Марко.
Фото: Девините Кули – с. Девич
Македонски Брод (изворно и историски познат едноставно како Брод (од зборот брод – прегазлив дел од река) — гратче во западниот дел на Македонија. Се наоѓа во горниот тек на реката Треска и претставува средиште на областа Порече. Од Кичево е оддалечен 27 километри во источен правец, а од Прилеп 37 километри во северозападен правец. Главен проблем претставува патното поврзување со Скопје, бидејќи со изградбата на браната Козјак бил уништен дел од директниот патен правец, па сега за да се стигне до Скопје треба да се поминат околу 150 км преку Кичево, Гостивар и Тетово.
Македонски Брод е еден од помалите градови во Македонија. Гратчето се наоѓа во средишниот дел на Западна Македонија, во областа Порече, во горното течение на реката Треска. Се наоѓа на надморска височина од 545 метри. Тој се наоѓа во Поречката област и претставува нејзин административен и општински центар. Градот лежи на бреговите на горното сливно подрачје на реката Треска. Оттаму произлегло и неговото име Брод.
На местото на денешниот град, над водите на Треска постоел еден мост што ги поврзувал градовите Прилеп и Кичево. Мостот меѓу народот бил познат под името Брод.
Македонски Брод е центар на истоимената Општина Македонски Брод, општина во западниот дел на Република Македонија. Општината зафаќа површина од 888,97 км2 и според територијата е трета општина по големина во Македонија, веднаш по Прилеп (1.194,94 км2) и Кавадарци (992,44 км2).
Територијата на општината се наоѓа под влијаније на умерено-континентална клима, кој се одликува со ладни и врнежливи зими, суви и топли лета. На високите планини е изразена планинска клима со кратки и ладни лета и долги и снежни зими. Најтопол месец со средна просечна месечна температура е јули со 25˚C. Најстуден месец со средна просечна месечна температура е декември со -15 до 3˚C. Екстремни температура се движат од 41˚C во август до -27˚C во јануари.
Културни и природни знаменитости на Македонски Брод
Црква „Св. Богородица“ – изградена во 1872 година и претставува главна парохиска црква на Бродската парохија;
Црквата Света Богордица претставува централна катедралска и парохиска црква во Македонски Брод. Црквата е изградена во 1872 година. Иконостасот и иконите се дело на зографот Николај од Крушево, изработени во периодот од 1883 – 1885 година. Делумно е фрескоживописана во 1988 година од страна на зографите Јован и Гоце Милески.
Фото: Црква „Св. Богородица“ – Македонски Брод
Црква „Св. Архангел Михаил“ – изградена во 1998 година;
Црква „Св. Никола“ – изградена во 1933 година. Потекнува од 14 век, а обновена била и во 18 век.
Свети Никола претставува православна црква во Македонски Брод.[1] Црквата е единствена по тоа што е позната и под името Турбе и представува и храм за муслиманите алевити. На ѕидовите има фрески од Свети Илија, Девица Марија и Исус, но и слики од бектешкиот светец Али. На средината на просторијата е гробот на бектешкиот светец Хадер Баба, а околу него се послани муслимански простирки за молитва. Овој објект е изграден во 14 век како црква изградена од кралот Урош Трети, која била опустошена кога во регионот дошле Турците Османлии. Но извесен Асан-беј повторно ја обновил во 18 век за да ја тргне клетвата од сарајот кој преку ден го градел, а ноќе се уривал. Подоцна е обновена во 1933 година.
Црква „Св. Петка“ – најновата градска црква. Се наоѓа спроти старата болница. Почнала да се гради во 2015 година;
Археолошки локалитети во Македоснки Брод
Грамада – некропола од доцноантичко време; (Грамада е археолошки локалитет во Македонски Брод. Локалитетот претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на северниот раб на градот, каде што се проширува населбата, кога при изградбата на новите куќи се откриени темели од стари објекти. Се среќава голем број фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. На северниот крај од теренот се најдени гробови градени од камени плочи.)
Кале – градиште од доцноантичко време; (Кале е археолошки локалитет во Македонски Брод. Локалитетот претставува градиште од доцноантичко време. Се наоѓа јужно од зградата на Собранието на општината, каде се издига низок рид со мала зарамнета површина која била оградена со бедем. На површината на ридот и во подножјето спорадично се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.)
Кула – населба и кастел од средниот век; ( Кула или Барбарос е археолошки локалитет во Македонски Брод, односно во атарот на историското село Барбарос. Локалитетот претставува утвдрена населба и кастел од средниот век. Се наоѓа на брдо од левата страна на патот Македонски Брод-Прилеп, при преминот од Поречието кон Прилепското поле.)
Рајчица – базилика и некропола од старо христијанско време и ран среден век; ( Рајчица е археолошки локалитет во Македонски Брод. Локалитетот претставува базилика од старохристијанско време и некропола од раниот среден век . Се наоѓа во северниот дел на градот, на левиот брег на реката Треска, кој е алувијална тераса (КП 544), каде при копање на темели за изградба на еден објект биле откриени два гроба. Во осумдесеттите години на 20 век со заштитните археолошки интервенции биле откриени уште 9 гроба од типот циста и поголем дел од апсида на базилика. Во еден од грбовите е најдена обетка во вид на кошничка. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.)