СРК КЛЕН – Македонски Брод

СРК “КЛЕН” – Македонски Брод

Спортско-риболовниот клуб “Клен” од Македонски Брод е за прв пат е регистриран во 1952 година.

СРК КЛЕН е концесионер на Риболовен ревир Треска 2 – Бродски, кој го опфаќа делот од реката Треска од мостот на патот кој води од Кичево до с Пласница (мостот е граница) до вливот на Беличка река во река Треска со и сите притоки во тој дел.

СРК КЛЕН - Македонски Брод
Главен приоритет во работењето на друштвото е континуирана заштита на рибниот фонд во реката Треска од рибокрадство,континуирано обновување на рибната популација и штитење на интересите на членовите на риболовното друштво.

СРК КЛЕН - Македонски Брод
Риболовната населба на река Треска ја сочинуваат 20 видови риби и тоа:
Македонска пастрмнка, виножитна, пастрмка, вардарка, плашка, црна мрена, бела мрена, сребрен карас, скобуст, крап , кркушка, пиор, амурче , тенко опашеста кркушка, клен, попадика, јагула, вуин, вретенушка, златна штипалка, вретенат. СРК КЛЕН веќе 4 година по ред е концесионер на река Треска риболовен ревир ,,Треска 2 Бродски,, и ќе биде според концесискиот договор концесионер и следните две години. Друштвото брои годишно од 150-220 членови кои преку него ги вадат рибарските маркици и легитимации за спортски риболов.Секоја гогина според концесискиот договор врши континуирано порибување на река Треска со подмладок од речна Пастрмка.

СРК КЛЕН - Македонски Брод

Facebook: https://www.facebook.com/srcklenmb

Рибарска Вистина – Риболов на ревир Треска 2 – Македонски Брод