Шарпланинец на Песјак
Шарпланинец на Песјак
Планината Песјак е средновисока планина во Западна Македонија, којашто претставува јужна огранка на масивот Добра Вода. Планината има меридијански правец на протегање и се наоѓа меѓу Кичевската Котлина на запад, областа Порече на исток, течението на реката Треска на југ, додека на север постепено преминува во повисоката планина Челоица. Највисок врв е Јошков Камен со височина од 1.917 м, а меѓу другите врвови се издвојуваат Старци (1.897 м), Коњарник (1.876 м) и Седлар (1.772 м)