Соопштение од Центар за јавно здравје – Прилеп
Соопштение од Центар за јавно здравје – Прилеп
Им се соопштува на граѓаните на Општина Македонски Брод дека на ден 21.08.2020 година, во периодот од 21:00 до 03:00 часот на територијата на Македонски Брод, екипа од Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе ја спроведува теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци. Дезинсекцијата ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени површини како во градското подрачје така и на периферијата од градот.
Покрај теристичката дезинсекција ќе се спроведува и ларвицидна дезинсекција.
Со цел избегнување на евентуални несакани последици се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања на граѓаните оставени се следните контакт телефони: 048/423-775 и 427-156
Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки ЦЈЗ-Прилеп се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици.
Прилеп ЈЗУ-Центар за јавно здравје 17.08.2020 год. др. Горан Кузевски
спец.епидемиолог