Горна Слатинска Пештера
Горна Слатинска Пештера
Горна Слатинска Пештера — пештера сместена во непосредна близина на поречкото село Слатина.
Таа се наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, на ридот Баба (751 м) на падините на планината Песјак. Влезот на пештерата е на 620 м н.в. и е со југозападна експозиција. Таа има два отвори, односно влезови или влез и излез, при што целата е поврзана и претставува своевиден тунел-канал. Пештерата е изградена во доломитски мермери со прекамбриумска старост. Првични податоци за оваа пештера дава Јовановиќ во 1928 година. Тој ја именува како I Слатинска Пештера, додека месното население ја нарекува Горна Слатинска.
Низ целата должина на пештерата има видови кои се карактеристични за надворешниот простор. Такви се некои полжави од семејството Zonitidae, мокрици (Isopoda) и различни видови диптери (комарци од семејствата Culicidae и Limoniidae). Од поважните видови кои се поврзани со пештерата се регистрирани некои стоногалки (Lithobius sp.) и два вида лилјаци (Rhinolophus hipposideros, Rhinolophus sp.).
Галерија
Извор: https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=84102744
Горна Слатинска Пештера е една од најубавите и најопасни пештери во Македонија, а за неа се заинтересира и „Нешнл џеографик викенд“ (National Geographic Weekend) на Бојд Матсон.
Исто така тимот на “Урсус Спелеос” направи одлучен прилог за Горна Слатинска Пештера. Погледнете го!