Козјак – Поречко езеро

Козјак – Поречко езеро

Козјак - Поречко езеро
Поречко езеро – Козјак

Вештачко езеро Козјак или Поречко езеро како што го викаат жителите на Порече е најголемо во државата, сместено помеѓу планината Сува Гора на запад и резерватот „Јасен“ на исток. Езерото е долго 32 км, некаде е длабоко и 130 м, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 м. Кон езерото водат два пата: јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод и се протега по течението на реката Треска. Другиот пристап е од Скопје при што патот се протега под јужните падини на Водно. Езерото е создадено во 2004 г., кога започнала со работа хидроцентралата „Козјак“, со капацитет од 150 гигават-часови просечно годишно производство на електрична енергија. Целиот акумулациски систем бил проектиран од кинески инженери. Основата на браната е 500 м, а круната или врвот 310 м. Максимална кота на езерото е 469,9 м. Капацитетот на езерото е приближно 0,38 км3 вода.