Пештера Пурало

Пештера Пурало

Пештерата Пурало се наоѓа од левата долинска страна на р. Треска, во долината на Слатинска Река, поточно во близина на составот на Марковска Река и Крушеска Река од чии води се формира текот на Слатинска Река, село Слатина – Македонски Брод.
Отворот на овој пештерата се наоѓа на а.н.в. од 580 м, или на околу 30 м р. в. над долинското дно од левата страна на Марковска Река. Истиот е многу мал: неговата широчина е 1 м, а височината е 0.5 м. На 10-11 м од влезот на пештерата има пукнатина со димензии 2×1 м и истата продолжува во чиста вертикала со длабочина од 11 м.

Пештера Пурало
Пештера ПУРАЛО

Во пештерата Пурало се констатирани два водени тека кои со својата механички и корозивни процеси допринеле за изградба на овој спелеолошки објект.
Според хидролошкиот карактер едниот има третман на постојан, а другиот на периодичен подземен водотек. И двата подземни водотека се наоѓаат во пониското ниво на пештерата.
Од пештерски украси има : пештерски столбови и многубројните сталактити, сталагмити, драперии и каскади. Кај сите овие форми преовладува белата боја која е карактеристика и за целата пештера.

Пештера Пурало
Пештера Пурало

Еродирани седиментни карпи се евидентирани на пониското пештерско ниво. Некои од сурнатите карпести блокови имаат димензии 3×3 m. Евидентиран е и конгломерат меѓу поголемите пукнатини, како на таванот така и на ѕидовите од пештерата. Околу речните корита на подземните текови е евидентиран песочен материјал, додека на подот на пештерата речиси секаде е присутна глина.

Пештера Пурало
Пештера Пурало

Пештерата Пурало е богата со пештерски украси. Има претставници на украси формирани од вода што капе (сталактити, сталагмити, столбови) и вода што тече (драперии, травертински басени). Пештерските украси претежно се во групи, формирани на места со повеќе пукнатини.

Пештера Пурало
Пештера Пурало

Според извршената категоризација (Гичевски, 2008) пештерата Пурало припаѓа на највисоката категорија природна реткост. При оваа категоризација пештерата најмногу поени има добиено кај показателите морфологија на пештерски канали, хидрографски особености и пештерски украси. Според намената на спелеолошките објекти од Студијата за заштита на природното наследство за Просторниот план на Република Македонија(1999) пештерата може да има: научно-истражувачка, студиско-демонстративна, рекреативна и стопанска намена (Петреска, 2007).

Извор: ” Урсус Спелеос “

Галерија

Слики:  ИД Урсус Спелеос