Поречки Фармер 2021

Поречки Фармер 2021

На 11 10 2021 год во Самоков по втор пар се одржа манифестацијата ,,Поречки фармер 2021,,

Оваа манифестација за прв пат е организирана од страна на здружението на граѓани ,,Поречка матица,, во 2019 година. Манифестацијата не се одржа во 2020 г поради кризата со Ковид 19.

Оваа манифестација се одржува со цел да се афирмира домашното производство на здрава еколошки чиста храна која ја произведуваат земјоделците и фармерите од Поречкиот регион. На штандовите на оваа манифестација посетителите можат да си набават храна за своите семејства која е 100 %  органска и која по својот состав и хранливи вресдности е единствена во Македонија.

 

На штандовите на поречките земјоделци оваа година можеа да се најдат  мед и други  пчеларски производи како пропoлис, матична млеч, перга, полен, Поречки  костен , орев, планински чаеви,од кантарион, камилица ,мајчина душица, домашен сливов препек  ракија, сирење, домашно грозје,јаболка,домашна јаболкова киселина, тикви   а на штандот кај газда Стојанчо Трпески  Чауш можеше да се вкуси прекрасната поречка Пастрмка.

Овогодинешниот настан го помогнаа Националната федерација на фармери , Општина Македонски Брод и г-дин Стојанчо Трпески- Чауш .Истиот го организира   претседателката на здружението ,,Поречка Матица ,, Цана Џукоска ,  и членовите  на здружението Митре Јосифоски  и Ивица Стојкоски .

За настанот да биде побогат со Поречка традиционална трпеза и за да бидат поставени шаторите под кои се поставија тезгите помогнаа  , Јованче Цветаноски, Марица Змејкоска,Емилија  Цвете Благојче  Милески, Невена Богоеска, Вера Јосифоска, Атанасија Угривоска, Урош Џукоски, Александар Милески, Ангел Џукоски, Стојанче Змејкоски, Снежа и Столе Столески, Ферит Адеми, Ристе шеикот, Дарко Симески , Горан Трпески Лиско,Дарио Велески , Дано Милошески , Венче Угриноски и други настанот и програмата ги водеше  Миле Поречанец. Настанот на националната телевизија СИТЕЛ, го промовираа Маја Вучидолова Симјаноска,  и Филип Силјаноски.

На овогодинешниот ,,Поречки фармер,, свои штандови со свое производство имаа : Марица Змејкоска,Цана Џукоска,Бранче Ристески,Перо Вељаноски, Даниела Трајкоска,Доце Миленкоски, Козарска фарма ,Јовче Цветаноски,Невена Богеска, Борче Стојаноски, Горица Цветаноска,Страшо Мирчески,  Ивица Стојкоски, Митре Јосифоски, Столе Столески, Трајче Милески и Ристо Јовески.

KУД ,, 7 ми Септември ,, Македонски Брод се погрижи за забавниот дел од програмата каде на присутните гости им се претставија со своите традиционални ора  ,, копачија ,,  водарки,, ,,буфчанско оро ,,  а со гајдата на Љубче и   песните на Боби  атмосверата беше во духот на Македонската  традиција и обичаи.

 

На манифестацијата во текот на денот по слободна проценка и покрај врнежливото време присуствуваа повеќе од 500 посетители . Со ова ,, Поречки фармер,, го започнува својот традиционален пат и со право може да се констатира дека има голем потенцијал во следните години од локална да прерасне во регионална и државна манифестација која ќе ја посетуваат гости од цела Македонија.

 

Галерија ” ПОРЕЧКИ ФАРМЕР 2021″