Рудникот во Суводол – Хаби Градба
Рудникот во Суводол – Хаби Градба, опасност која никој не ја согледува
Рудникот во Суводол
Години наназад сме сведоци дека мештаните на с. Суводол, Македонски Брод преземаа бројни активности, како протести, поплаки и блокади на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп заради соочување со одредени сеизмички и еколошки проблеми во селото поради работењето на истиот на само 50 метри воздушна оддалеченост од селото.
Мештаните во неколку наврати укажуваа и на тоа дека со минирањето на рудата во овој рудник се забележани и првите оштетувања на ѕидови од селската црква, како и училиштето во село Суводол.
Но, има ли свесност кај локалното население, како и локалните власти дека со работата на овој рудник може да демне и многу поголема опасност?
Периодов, сведоци бевме на големите поплави кои ја зафатија босанска Јабланица како резултат на свлечишта и надојдени води кои носеа се пред себе, а односоа и човечки жртви.
Сериозен фактор во целата таа трагична ситуација беа и рудниците кои беа отворени на несоодветни локации во кругот на овој босански предел.
Дали Општина Македонски Брод може да научи нешто од туѓите грешки и да преземе чекори во спречување на вакви немили настани во иднина кои може да имаат трагични последици?!