Велигденски Кули – Македонски Брод
Велигденски Кули – Македонски Брод
Македонскиот народ за време на владеењето на Османлиите бил многу угнетуван и не му се дозволувало да ги слави своите празници. Длабоко исфрустрирани од тоа, најугледните Броѓани отишле во Цариград кај Султанот и со злато го откупиле Велигден, односно вториот ден.
За таа цел се одржуваат Велигденските Кули.
Традицијата е возобновена на 8 Април 1991 година по иницијатива на Отец Марко Трпкоски. Во период од 1948-1991 год, Велигднеските Кули се изведуваат во дворот на црквата Пресвета Богородица во Македонски Брод.
Кулите се направени од крв и месо, не од дрва или камен, а се испреплетени од младите машки и жилави раце.
Се состојат од два реда во кои во секој ред има најмалку по петмина.
Долниот дел од кулата го претставуваат поробителот/Османлиите, а горниот македонските христијани кои се носени од помислата дека ќе дојде денот кога буквално ќе стапнат на вратот на поробителите и гордо издигнувајќи се јасно им покажуваат на сите присутни, дека:
повторно ќе светне повторно сонцето на слободата и сите празници ќе можат да ги прославуваат во радост и во слободна Македонија.